Во делот на производство можеме да истакнеме дака палетата на производи што ги нудиме на нашиот пазар се состои од производи за индустриски подови и производи за хидро заштити:

ferbeton ferbeton

 •    ФЕРБЕТОН - У е адитивен поден материјал на база на цемент и соодветни адитиви кој се употребува во својство на зголемување на отпорноста на абење на бетонските подни површини. Со примена на овој материјал се зголемуваат и други механички карактеристики како што се цврстина на притисок и  совивање на бетонските подови.

epokonsamoliv  epokonsamoliv

•   ЕПОКОН САМОЛИВ е трокомпонентен саморазлевен епоксиден материјал кој се користи за тешки услови на експлоатација. Поднесува високи механички оптеретувања и отпорен е на голем низ хемиски агресии. Како подна површина има големо подрачје на примена како што се : магацини, ходници, општествени простории, лаборатории и како под во разни индустриски хали како на пример во прехрамбена индустрија, текстилна , печатарска, хемиска и сл.

epokonpremazg2  epokonprajmer

• ЕПОКОН ПРЕМАЗ Г2 е двокомпонентен  епоксиден премаз кој се користи како завршен слој на зидови и подови на места каде е потребно да се изврши заштита од хемиски агресии и да се добие монолитна и единствена површина лесна за чистење и одржување.

hidrolit  hidrolit

•  ХИДРОЛИТ е двокомпонентна акрил - цементна смеса која се  употребува пред се на места каде има потреба за  заштита  од  т.н. *негативен* притисок  на водата. Се употребува за хидроизолација на базени, таложници, засолништа, подрумски простории, резервоари за вода и слично.

hidrostop  hidrostophs

•    ХИДРОСТОП ХС е специјална , заптивна акрилатна  емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми и било кои други бетонски  површини. ХИДРОСТОП ХС е одлична хидроизолација. Со едно многу едноставно нанесување се добива одлична хидроизолација.

flutekn585l  flutecn585l

  • ФЛУТЕК Н585Л е високоефектен супер пластификатор и високо рангиран редуктор на вода за бетон и малтер. Се употребува за овозможување добра обработливост или за редуцирање на водоцементниот фактор како и за овозможување на поголема цврстина на притисок.

nivelitsp  nivelitSP

•    АКРИЛ НИВЕЛИТ СП е двокомпонентна саморазлевна акрил-цементна завршна подна подлога,лесна за одржување. Врз АКРИЛ НИВЕЛИТ СП се нанесуваат завршни заштитни премази БЕТОНАЛ во нијанси по избор или транспарентни (како лак).

nivelitp  nivelitp  

 •    АКРИЛ НИВЕЛИТ П е двокомпонентна маса, која обезбедува заштита на бетонски површини од брзо распаѓање. Се употребува во објекти кои служат за лесен пешачки сообраќај, за припремање на бетонски подлоги преку кои ќе се вградуваат готови подни облоги (виназ плочки; винфлекс плочки; паркет; ламинати и други облоги). Врз АКРИЛ НИВЕЛИТ П се нанесуваат завршни заштитни премази, во објекти каде не се употребуваат транспортни и утоварни средства, туку се употребуваат само за пешачки сообраќај (текстилни хали; прирачни магацини и сл.)

nivelits  nivelits •    АКРИЛ НИВЕЛИТ С - ОЛМА е двокомпонентна саморазлевна подна облога. Се употребува за израмнување на бетонски површини како подлога за поставување на завршни подни подлоги како паркет,керамички плочки, линолеум, ПВЦ облоги, теписони, синтелони и слично.
nivelitz  nivelitz •    АКРИЛ НИВЕЛИТ З е двокомпонентна израмнувачка зидна облога. Се употребува во објекти каде има потреба од претходно израмнување на зидните површини кои треба завршно да бидат обработени со епоксидни премази како што се: хали од текстилна индустрија, прехрамбена индустрија, трговски хали (магацини) гаражи, трговски дуќани, изложбени салони, школски простории, библиотеки,  лаборатории и слични простории.

 


•    Во склопот на фирмата работи и сепарација за кварцени полнила со гранулација од 0 мм до 3,50 мм. КВАРЦНИТЕ ПОЛНИЛА имаат широк дијапазон на употреба во речиси сите индустрии и тоа:градежната, битуменската, керамичарската, леарската, хемиската, потоа за надворешно и внатрешно пескарење на метални, бетонски, стаклени и текстилни површини,како и во железничкиот сообраќај како една од компонентите за кочење на локомотивите.

zanas1    zanas2