Фирмата ТЕХНОХЕМ доо е оформена во 2002 година од страна на сопствениците на фирмите CHEMICAL TRADING LTD од Солун (основана 1988) и КГВ доо од Скопје (основана 1991), како резултат на долгогодишната успешна деловна соработка,која пак датира од 1997 година.
На нашиот пазар работи како ќерка фирма на фирмата VELLIS CHEMICALS од Солун, Грција

Седиштето на фирмата се наоѓа во прекрасното село Орешани, на само 7 км. од Скопје. Располага со сопствен деловен простор од 450 м2, од кои 70 м2 се канцаларии, лабораторија и пропратни простории; 220 м2 магацински простор а останатиот дел се користи како производен дел. Располагаме со сопствено транспортно средство, за дистрибуција на производите до нашите купувачи.

Дејностите на фирмата се трговија, изведба и производство.
Во делот на трговијата на нашиот пазар сме присатни и нудиме сировини и хемикалии за производство на бои, лакови и цементни производи.
Имаме широка палета на акрилатни смоли (стирен акрилат, чист акрилат, полимери и кополимери), алкидни смоли (кратко, средно и долго маслени); пигменти (железно оксидни, хром оксидни, хромни, титан диоксид,антикорозивни, флуоресцентни, јаглено црни итн. Исто така нудиме разни адитиви како што се диспергатори, антипенушавци, сушачи, згуснувачи (целулоза), пластификатори, калцум стеарат и  слично.

tehnohem zanas3  


Во делот на изведбата во градежништвото сме присатни скоро 30 години  во областа на индустриски подови и хидро заштити. Даваме технички решенија и изведуваме цементни, акрил-цементни и епоксидни подови. Вршиме санација на стари и оштетени подови како и изведба на нови подови. Делот за хидро заштити се однесува на хидроизолациони заштити на база на високи еластични акрилатни премази и крути акрил-цементни наноси. Областа на делување е изведба на нови или санација на постоечки купатила, тераси, рамни бетонски кровови, темелни зидови, базени, фонтани, резервоари за вода и слично.

Производниот дел се состои од производство пред се на материјали за индустриски подови,кои самите ги вградуваме или ги продаваме како такви.
Во склопот на фирмата работи и  сепарација за кварцен песок,за гранулација од 0 мм до 3,50 мм.

На располагање во матичната фирма во Солун имаме современо опремена лабораторија за испитување на квалитетот  на сировините кои ги нудиме на нашиот пазар. Исто така постои можност за контрола на готовите производи на сите наши купувачи на сировини кои сакаат да го испитаат квалитетот на своите крајни производи (бои и лакови). Нашата матична фирма VELLIS CHEMICALS се нуди на располагање со својот голем капацитет на познавање на проблематиката за производство на бои и лакови, се со цел унапредување на производството на потенцијалните клиенти или решавање на било какви проблем во нивното производство.

Нашата цел е долгогодишна соработка со нашите ценети клиенти низ продажба на производи и услуги со највисок квалитет, што впрочем и го докажуваме низ сте овие долги години постоење на нашиов пазар.